Две третини од позитивните на Ковид-19 на носачот на авиони Теодор Рузвелт се асимптоматски

Од:

Две третини од членовите на екипажот на носачот на авиони Теодор Рузвелт, кои се позитивни на коронавирус се без никакви симптоми, изјави вториот човек на Генералштабот на американската армија, генерал Џон Хајтен.

Носачот на авиони е во карантин во Гуам, а еден припадник на американската морнарица почина од последиците на Ковид-19.

Генералот Хајтен рече дека ситуацијата на носачот на авиони му овозможила на Пентагон да собере вредни податоци за влијанието на новиот коронавирус на воената популација.

– Тоа се само 5.000 луѓе, но 5.000 луѓе од одредена категорија, помлади и поздрави од општата популација, рече Хајтен.

Според досегашните податоци, асимптоматските случаи кај заразените биле меѓу 20 и 50 проценти. Сепак, според генералот кој е член на Кризниот штаб за борба против ширење на пандемијата во САД, меѓу екипажот на носачот на авиони, оние кои немаат никакви симптоми сега изнесува меѓу 60 и 70 проценти.

Многу членови на екипажот кои беа тестирани и беа негативни на вирусот на крајот на март, сега се позитивни. Нешто повеќе од 10 проценти од заразените првично биле негативни.

Хајтин рече дека сите кои прво биле негативни, а потоа позитивни, тој премин се случил во период од 14 дена – што е и периодот на изолација, кој се препорачува ширум светот за заштита на здравата популации.

Вчера наутро беа тестирани 94 проценти од екипажот. Вкупно 660 маринци се позитивни и 3.920 негативни на новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас