Европските пари повторно се делат по партиска линија

Од:

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата отворено општество- Македонија (ФООМ), денеска го претставија 17-тиот квартален извештај кој е посветен на повторните сомнежи за злоупотреба на европските средства од страна на Националната агенција за европски образовани програми и мобилност.

Информациите од истражувањето упатуваат на сомнение дека и во 2012 година, Националната агенција повторно доделувала проекти на нефер и сомнителен начин на иста привилегирана група на невладини организации.

lidija-dimova1

Според извештајот главната улога повторно ја има, Бошко Нелкоски поранешен директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Нелкоски за злоупотребата која ја направил во 2009 никогаш не бил казнет ниту отпуштен.

На функцијата директор на Националната агенција дошол откако бил активен член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, што значи дека е политички активен. Сега иако не е на таа функција, тој фигурира како директор на НВО Пан-европска алијанса, основач на НВО Младински форум Око, како и соработник и обучувач на многу невладини организации кои добиле грантови од Националната агенција. Неговата сопруга Верица Коцевска, фигурира како контакт лице за еден од проектите, но со своето моминско презиме.

mcet

Лидија Димова изјави дека за да не остане ситуацијата ваква ќе се формира мрежа со која ќе се прикаже приказната до крај, и ќе обезбеди младинските организации да ги добијат своите пари.

Овие (пара) младински организации освен штои користат средства од Националната агенција, користат средства и од Извршната агенција за образование, култура и аудиовизуелна политика од Брисел. Вкупниот износ на средствата е над 1,3 милиони евра. Во извештајот е претставено дека исти основачи доставуваат различни проекти од една иста адреса или обратно. Советот на младински НВО кој што е корисник на 8 проекти, во Брисел за сите има пријавено различни адреси од службената. Невладината Македонски младински прес од Струга, на голем дел од проектите пријавува адреса во Скопје, Фондот за интер регионална соработка има иста адреса со Младинскиот форум Око, чиј што директор е Трајче Нелкоски, татко на екс директорот Бошко Нелкоски.

Лидија Димова, извршен директор на Македонскиот центар за европско образование, на прес конференцијата посочи дека овој нерешен проблем до 2009 може да се промени ако се спроведат предлозите како: темелна ревизија на работата на Националната агенција како и да се ефектуира иницијативата за гонење на Бошко Нелкоски од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Вистинска кампања за промоција на програмите Млади во акција и Доживотно учење е уште еден предлог кој ќе овозможи можностите и поволностите од овие програми да стигнат до сите активни младински организации во Македонија.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска