Во Куманово поднесени 107 преставки до народниот правобранител

Од:

Во првите четири месеци од тековната година, граѓаните поднеле 107 преставки до канцеларијата на заменик народниот правобранител во Куманово. Над 60 проценти од претставките веќе се завршени, а најголем дел се однесаат на потрошувачките права.

Заменик народниот правобранител Насер Весели појасни дека енормно зголемување на преставки има во остварувањето на потрошувачките права, пред се за работата на некои јавни претпријатија, наплаќање на комуналната такса за осветлување во речиси сите општини кои што ги покрива канцеларијата на народниот правобранител.

– Интересно е што граѓаните веќе се информирани дека општините се оние кои се надлежни за уличното осветлување, така што и преставките се однесуваат токму за работата на општините кои во одредени делови особено во руралните средини каде што воопшто и нема улично осветлување, а граѓаните ја плаќаат како комунална такса, вели  Весели.

Одредени социјално ранливи категории граѓани, како што се жртви на семејно насилство во Куманово не поднесуваат претставки, но бараат помош од канцеларијата. Одредени претставки, како што рече Весели, не се поткрепени со соодветни документација, но добиваат помош во упатување до соодветни институции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски

60-годишен кумановец загина од експлозија на плинска боца

Сашо Стошевски e нов директор на општата болница во Куманово

Горан Наумовски