Зоран Заев нема коронавирус, негативен и вториот тест за Ковид-19

Од:

Негативен е и вториот тест за коронавирус на лидерот на СДСМ Зоран Заеб, објави тој на неговиот профил на „Фејсбук“.

„Им благодарам на сите за поддршката и во исто време упатувам поддршка со желба за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово Димитриевски и на сите граѓани кои се справуваат со вирусот.Се надевам дека премиерот и министрите ќе имаат негативни тестови.Овој вирус покажа дека е непредвидлив и дека е сериозна закана по здравјето на секој од нас.Затоа делуваме брзо, но многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките. Да останеме дома, да внимаваме многу повеќе на нашата хигиена, да држиме дистанца од 2 метри, да се заштитиме а со тоа да ги заштитиме и другите.
Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот. Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме оваа битка против невидливиот непријател“, напиша тој.

Заев беше во самоизолација последнава недела, исто како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако двајцата, еден по друг ден, беа на интервју во „Канал 5“ телевизија со уредникот Гоце Михајлоски, за кој подоцна се испостави дека е позитивен на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот