Од вторник заладување со повремен дожд и снег на планините

Од:

Сончевото, топло време со темпратура над 20 степени ќе се задржи и за време на продолжениот викенд. Според УХМР, од понеделник вечер се очекуваат промени кои особено ќе бидат изразени во вторник за кога е најавено заладување, повремен дожд и снег на планините.

Утре ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната од 18 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до еден, а максималната ќе достигне 22 степена.

-До недела времето ќе биде сончево и топло со пораст на дневната температура. Во понеделник кон крајот на денот ќе има локален дожд и услови за појава на грмежи. Значителна промена на времето се очекува во вторник, која ќе биде проследена со заладување, повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информира УХМР.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски