А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Скопјанец не се придржувал на државниот карантин во Струга

by А1он16/04/2020 - 13:29383
Share0

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопштија од ОЈО Струга.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Четворица од обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Во одделни кривично правни настани полициски службеници констатирале дека тие го прекршиле полицискиот час и без да поседуваат дозвола се движеле на различни локации во и околу Струга, информираат од обвинителство.

Воедно од струшкото Обвинителство информираат дека петтиот обвинет, 20-годишен скопјанец, се вратил од странство со хуманитарен лет организиран од Владата и по пристигнувањето му бил одреден задолжителен државен карантин во хотелот „Дрим“ во Струга.

– Но, на 6 април неколкупати излегол од собата и бил затекнат од полициски службеници. Откако полицајците го предупредиле дека не смее да ја напушта собата, тој им возвратил недолично и со висок тон, па полициските службеници интервенирале и го вратиле во собата, потенцираат од Обвинителство.

Следете a1on на Youtube YouTube

Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети му предложи на Судот да определи парични казни од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност.​

policiski casstruga

Би можело да ве интересира

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:51

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Предраг Петровиќ20/07/2026 - 09:08

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 14:53

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 14:4519/06/2026 - 14:46

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он19/06/2026 - 12:09

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 11:2714/03/2026 - 11:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео