ВМРО-ДПМНЕ: Ние реализиравме 2.000 проекти, а СДСМ 2.000 лаги

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на ставот на потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски, кој рече дека македонската економија тоне, невработеноста расте, а фирмите се гушат во неликвидност.

Од партијата на власт, во одговорот, соошптија дека посветено и активно работат на пресретнување и решавање на проблемите на граѓаните.

„Тоа впрочем го докажавме многу пати досега. Беа реализирани над 2000 проекти, инвестиции и мерки кој што на различен начин им помогнаа на граѓаните да се подобри нивното работење и живеење во различчни области. Ние сме свесни за сите проблеми со кои граѓаните се соочуваат.

– Но сепак должност ни е да кажеме кој е причинителот на проблемите. Ако некој врз база на изјава на сведок за друг каже дека шверцувал нафта тоа не значи арогантност. Што има арогантност во тоа да ве прашаме што правевте со шверцувањето на нафта и тоа врз база на снимени сведоштва на луѓе кој што реално постојат?

– Кој е арогантен, тој што шверцувал нафта и кој до ден денес ги лаже граѓаните? И што дополнително ги лаже на секој избори дека со него ќе биде подобро или оној кој прашува зошто е шверцувана нафтата и зошто бил краден народот, каде завршиле парите? Оној кој упорно работи на реализирање на мерки и проекти кој што ќе им помогнат на граѓаните.

– Од страна на ВМРО-ДПМНЕ се реализирани преку 2000 проекти и мерки, наспроти 2.000 лаги и измами направени од страна на СДСМ. Вистинската ароганција е да ги лажете луѓето и упорно да ги манипулирате. А тоа го правите континуирано веќе 20 години“, пишува во сооштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски