Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Индонезија, сопшти Американскиот геолошки завод.
Епицентарот на земјотресот е лоциран 84,5 километри северо-западно од Тематe на островот Малуку, каде живеат околу 100 000 луѓе. Потресот бил на длабочина од 29 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви.