Силни татнежи вечерва ги вознемирија жителите на општина Карпош, за време на полицискиот час.
Додека улиците се празни и надвор е тивко, жителите на Карпош и околните места се исплашиле бидејќи мислеле дека станува збор за истрели од оружје, за потоа, да добијат информација дека бил активиран огномет.
Според жители на Карпош 4, огнометот бил испукан во близина на џамијата во Долно Нерези. Затечени биле и сопствениците на миленици, кои, во тој момент биле излезени во околу нивните згради.
Непознато е кој го активирал и дали тоа го правел на јавна површина, што пак, би било спротивно прописите и би значело непочитување на полицискиот час.
Случајот е пријавен и во полиција, потврдија од МВР за „А1он“. По пријавата, на терен се излезени полициски службеници кои ќе треба да утврдат за што станува збор, додаваат од МВР.