ВИДЕО: Ќе се дискутира за воведување 14-дневен карантин во Куманово, за коронавирус се тестираат 10 вработени во болницата

Од:

Ако епидемиолозите и стручната фела каже дека 14-дневен карантин е мерка која ќе го спречи ширењето на коронавирусот во Куманово, Владата е спремна да ја донесе, потенцира премиерот Оливер Спасовски, според кого, иако во Куманово има најмногу заболени, не може да се прави компарација со Дебар. Истовремено, во тек е скрининг во кумановската болница, каде се проверува дали има и други здравствени работници позитивни на коронавирус, освен досегашните 44 медицинари.

Изјави за медиуми пред состанок со општински кризен штаб во Куманово

[?Во живо] Изјави за медиуми пред состанок со општински кризен штаб во Куманово

Posted by Влада на Република Северна Македонија on Среда, 15 април 2020

„Јас не сум приврзаник на такви најстроги блокади, затоа што компарацијата на Дебар и Куманово, односно меѓу 9.000 и 120.000 жители не е сосема иста. Меѓутоа, ќе дискутираме и за овие прашања, за затворање на 24 часа на Куманово, ако тоа е мерка која ќе ја предложат и епидемиолозите и стручните луѓе, ќе ја донесеме со цел да го заштитиме здравјето и животот. Има повеќе пари од општинските штабови за барање за карантин. Одлуките на Влада ги носиме врз основа на мислење на Комисијата за заразни болести, препораките од епидемиолозите, тогаш кога тоа е неопходно. Сите мерки кои ги донесовме се врз основа на тие препораки. Како Влада сметаме дека треба да ја слушаме прво струката, односно, тоа што го кажуваат лекарите, тоа што е најефикасно, па кога треба нешто да направиме, тоа да го направиме заеднички“, рече Спасовски.

Во однос на барањето од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, да се зголеми бројот на медицински персонал, Спасовски рече дека во тек е и конкурс за прием на медицински персонал во тамошната болница.

„Ние веќе имаме донесено лекари, тие работат повеќе од две недели. И на Инфективното одделение е донесена одлука и веќе се вратени лекари кои што работат на Клиничкиот центар надвор од Куманово, да работат тука во градот. Конкурсите кои беа прекинати за прием на лекари и медицински персонал, дадена е насока да продолжат за да можат да се активираат. Денес се прави скрининг на сите вработени на кумановската болница, земени се околу 10 тестови за испитување. На тој начин и врз основа на одлуките од Министерството за здравство во однос на функционирањето на одделите, посебно заедно со менаџментот, таа функционира. Имаме околу 800 вработени во болницата, од кои 44 се позитивни на коронавирусот“, додаде Спасовски.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски