Во наредните денови под влијание на топла воздушна маса од Северна Африка не очекува сончево и многу топло време.
Температурата кон крајот на неделата се очекува да се искачи до 40-от степен. УВ индексот ќе биде 9, што претставува голема опасност.
Затоа е и предупредувањето, да не се излегува надвор без потреба, особено во периодот од 11- 17 часот. Болните, старите и изнемоштените лица треба особено да бидат претпазливи. Хронично болните треба редовно да ја замаат од лекар препишаната терапија.
Надвор да се носи лесна и светла облека, шешири и очила за сонце и да користат креми со висок заштитен фактор.
Треба да се конзумира редовно вода и да се избегнува алкохол и масна и тешка храна.