Да ги скинeме партиските книшки-прв чекор кон праведна Македонија

Од:

Денес читав дека се одбележуваат 45 години од убиството на Мартин Лутер Кинг и нешто ме натера да се потсетам на предавањето по пишување, каде професорот, видно возбуден, го читаше Мартиновиот познат говор „Јас имам сон“.

Ги слушав речениците кои се впиваа по ѕидовите на предавалната, бидејќи беше навистина тешко на тие температури да се впијат во ушите на студентите, кога се запрашав, зарем не сме сите ние потомци на Мартин Лутер Кинг?!
Тој имал сон, јас имам сон, а сигуно и ти што читаш имаш некој сон кој или ти се остварил, па сега читаш од што немаш што друго да правиш, или си се откажал, па си се вратил на она предходното, да не правиш ништо.
Оние кои се верни читатели на „Револуција“, знаат дека обично пишуваме за правата на граѓаните и теми кои ги засегаат, за да помогнеме, да ги охрабриме да се борат за своите права, и во таа борба ние сме тука да бидеме нивно сојузници во рамките на нашите можности. Сме задоволни и тогаш кога ќе потикниме инспирација и размислување дека никој не може нашите права како граѓани да ни ги одземе кои се гарантирани со Уставот и зкаоните и општо со цивилизициските дострели во 21 век.

Впрочем се бориме нашата држава да биде дел од најхуманата иницијатива и организациска творба во Европа, со сите нејзини слабости. Но едно е факт, дека евоинтегративниот процес го сочува мирот во Европа, бидејќи континентот никогаш во историјата не живеел во мир така долг период. Всушност, пишуваме за теми кои се секојдневни. Теми кои ги забележуваме, но не сме свесни, или пак, не сакаме да ги прифатиме како вистински.
Изгледа претераа со сапунот, па од нашите мозоци излезе преголема пена која како р’ѓа треба да се намачиш за да ја извадиш. Но, затоа тука е сонот. Ако секој од вас го има, тоа значи дека не е крај на играта.
Додуша, додека пишувам си велам, кој сон може да го има човек кој е приморан по цел ден да работи било на нива или пак во тесна просторија, каде пенкалото и хартијата се луксуз. Но, кога ќе видите, тој човек има сон неговите деца да пораснат и успеат да си ги остварат своите соништа, ако веќе тој не успеал во овој век и во оваа држава.
Славе стана славен
Вака требаше да изгледа мојот првичен наслов… Не е обична игра на зборови. Всушност, ова е приказна за тоа како еден млад студент успеа од својата дизајнерска работа да направи од самиот себе аналитичар. Нешто што младите денес тотално го игнорираат. Луѓето кои се бават со уметност, се прилично сензитивни за неубавото, грдото, претераното, кичот, па вероајтно на Славе „му пукнал филмот“ и седнал и го напишал тоа што го иритира, тоа што му смета во средината во која живее. Можете да ја прочитате неговата анализа со наслов: Наместо политика, ни се случува маркетинг (http://mkrevolucija.com/analizi/item/2246-namesto-politika-ni-se-slucuva-marketing), истата беше преземена од многу портали и стана многу споделувана на социјалните мрежи.

За многумина кои се декларираат за аналитичари на политичките состојби во Македонија анализата на Славе е четиво кое неизбежно терба да си го прочитаат пред да застанат пред камера или во студио да коментираат за збиднувањата на политичката сцена во нашата држава, бидејќи од талвите само имаме штета бидејќи јавното мислење поскаувата да го креираат во полза на нивните наредбодавци и финансиери а тоа се партиите.
Активноста на младите низ медиумите е да не речам- замрена. Додека на улица уште помалку. Не сакам да бидам погрешно сфатена, ние не треба да излегуваме на улица само за да направиме хаос кој нема да може да го вратиме во нормала со години. Велам дека младите не излегуваат на улица и не докажуваа дека тие во себе ја имаат младоста и свежината која никој друг ја нема. Тие оставаат некој друг да прави дела!

Ние сме потомци на Мартин Лутер Кинг, бидејќи имаме сон дека во државата ќе цвета нешто што пред многу години свена. Ако проблемот во Америка била бојата на кожата кај нас е бојата на членската книшка.
Ако си „син“ не чиниш, ако си „црвен“ тогаш си подлизурко. Ако стоиш настрана тогаш си наивко, но за таквите веќе сè помалку има место…
Затоа прочитајте го сонот на Мартин Лутер Кинг, ќе се информирате како неговиот сон за правда во САД стана реалност а тој синоним за борба за рамноправност на граѓаните без разлика на нивната боја на кожата.

Мојот сон е во мојата држава сите граѓани да бидат рамнопрвани во општеството, да ги срушиме партиските бариери и поделби меѓу нас кои с егрдаат изминатите 20 години а веќе достигнаа височини и огрдаија меѓусебно, почнаа да се градат два света во нашата мала Македонија. Мојот сон е да да ги срушиме партиските бариери кои нанесуваат поделби кои стнауваат опасност да се пренесуваат и на следните поколенија.

Мојот сон е да се стави крај на вработувања според партиската припадност, во пристапот до државите ресурси, наместо партиската книшка, да се натпреваруваме според квалитетот, трудељубивоста, посветеноста, според вистинските дела кои се резултат на напиот труд и знаење.
Првиот чекор во рушење на бариерите во нашата држава е младите кои имаат членски книшки било од која партија, а се зачлениле како надеж дека ќе добијат вработување или друга полезност, јавно да ги сокинат, или подобро да ги запалат партиските книшки, и со тоа да манифестираме дека поскауваме натпревар во општеството според квалитетите.

Тоа ќе биде првиот чекор да почнеме да ја градиме Македонија како модерна држава која ќе си го заземе своето место во ЕУ а кое и е резервирано. Но да седниме треба прво да ја заслужиме таа позиција, а тоа најмногу зависи од нас, посебно од генерациите кои израснаа во изминатите 20 години на транзиција. Да им одржиме воспитна лекција на генерациите кои раководеа со државата од 1991 година до денеска, тоа си го го должиме себеси, на нашите предци, но и нашите идни поколенија.

Емилија Петреска

Авторката е аналитичарка во онлајн магазинот
„Револуција“, веб локација: http://mkrevolucija.com

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска