ЕК денеска ќе расправа за ублажување на рестриктивните мерки во Европа

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе ги претстави критериумите и условите што земјите членки треба да ги земат предвид при несење на одлуките за укинување на рестриктивните мерки воведени со цел да се запре ширењето на пандемијата на коронавирусот.

-Ние нема да им кажеме на земјите членки кога е вистинското време да почнат да ги ублажуваат рестриктивните мерки. Одлуката за тоа е на секоја земја членка, а ние само препорачуваме критериуми и услови за кои мислиме дека треба да се земат предвид при одлучувањето, изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.

Една недела откако на интервенција на земји членки ЕК се откажа од претставувањето на „излезната стратегија“ од пандемијата на Ковид-19, Фон дер Лајен ќа го претстави „акцискиот план“ за кревање на рестриктивните мерки.

Дипломатски извори во Брисел наведуваат дека до промена на речникот во документот на ЕК дојде на инсистирање на земји членки, кои укажале на неопходноста од „повнимателни сигнали“ кога станува збор за укинувањето на вонредните мерки во момент кога заразата се уште трае ширум Европа.

Европската комисија нагласува дека суштината на нивните насоки не е променета, и дека и натаму се темели на „постепено“ укинување на мерките со координација.

Очекувањата се дека ЕК покрај постепеното, односно фазно укинување на мерките, во период од еден месец, прво ќе предложи ублажување на рестрикциите внатре меѓу земјите членки, а потоа ќе ги прошири и кон надвор. Се очекуваат препораки за постепено ублажување на забраната за собирање на голем број луѓе, како што е оневозможување поголем број лица истовремено да бидат во продавница и раздвојување на училишните клупи на одредена одалеченост. Баровите, рестораните и културните установи ќе се отвораат постепено, а забраната за масовнио собирања, како што се фестивалите, ќе биде укината подоцна.

ЕК од самиот почеток ја нагласува важноста на координираниот пристап на земјите членки кои, покрај националните „рокови и модалитети“, треба да имаат и заедничка „рамка и пристап“ за укинување на мерките воведнеи против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска