Раководството на ДПА ја одби оставката на Тачи

Од:

Централното претседателство на ДПА доцна попладнето одржа седница во партиското седиште во Тетово на која според најавите требаше да се расправа за понудената оставка на претседателот Мендух Тачи по локалните избори.

Оставката, како што изјави Тачи, не била ставена на дневен ред бидејќи Централното претседателството одбило да расправа за неа.

– Централното претседателство одби да ја стави на дневен ред мојата оставка. Им образложив дека ја понудив оставката за да се заштитат луѓето внатре во партијата и целата одговорност да ја преземем јас, изјави Тачи.

Расправата на Централното претседателство на ДПА продолжи со анализа на изборите и нивниот изборен резултат.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он