„Викиликс“ за интересирањето на САД за Тито

Од:

„Викиликс“ објави уште илјада дипломатски депешеа од амбасадата на САД ширум светот меѓу кои се и оние кои се однесуваат на сите аспекти од животот во некогашната СФРЈ, непомирливите разлики меѓу Тито и Брежњев, како и здравствената состојба на доживотниот претседател на некогашна Југославија, пренесе Танјуг.

Објавени се важни депешеа кои откриваат малку познати настани на билатералните односи меѓу Белград и Вашингтон и нивните НАТО сојузници, но и телеграми кои покажуваат како се создавала сликата за животот во социјалистичката држава на крстосница на две спротивставени политички и воени блокови.

Така на пример во извештајот на Стејт департментот од 16 декември 1976 се споменува средбата со членот на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Хрватска кој го опишуваат како „прозападно ориентирано“ лице и се додава дека во минатото доследно ги изразувал своите политички уверувања.

Средбата на американскиот дипломат и хрватскиот партиски претставник се случила претходниот ден, на 15 декември, на летот од Лондон во Загреб, а најголем интерес предизвикале соговорничките ставови за лошите односи на Југославија и Советскиот сојуз.

Неименуван комунистички политичар ја опишал средбата меѓу Тито и Брежњев, која е одржана еден месец порано, како „тешка и незгодна“.

Најважниот детал се однесувал на барањето на Брежњев Југославија своите јадрански пристаништа да ги отстапи на користење на флотата на СССР, меѓутоа Тито тоа го одбил.

Американските дипломати се занимавале со здравствената состојба на Тито по повод неговиот 83-ти роденден.

Важна порака е испратена до Стејт департментот на 22 мај 1973 година во врска со прашањето за наследникот на Тито, а како главен кандидат се споменува Стане Доланц, како лице чија положба во Сојузот на комунистите е „од голема важност за сите потребни маневри во случај на смрт или инвалидитет на претседателот“.

Доланц во тоа време бил секретар на Извршното биро на ЦК СКЈ и еден од најмоќните југословенски политичари.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска