По само една сезона назад во Серија „А“, Марио Балотели повторно може да ја напушти Италија, тврди „Газета Дело Спорт“.
Според новинарот Николо Шира, турскиот гигант е многу заинтересиран и е подготвен да му понуди на 29-годишниот напаѓач двосезонски договор со опција за уште една, а во тек ср преговори со агентот на играчот Мино Рајола.
Ако ја прифати понудата на тимот од Истанбул, поранешниот италијански репрезентативец ќе има за конкурент уште еден добро познат напаѓач – Радамел Фалкао.
За време на оваа кампања, Балотели има постигнато пет гола на 19 натпревари за последнопласираниот во Калчото – Бреша.