Ружин: Пустец во Скопје

Од:

Нашите сонародници од Мала Преспа беа злоупотребени на толку грд начин што етички е поразително. Но, и тоа не ја спречи волјата на граѓаните на Центар за промени, пишува Нано Ружин во колумна за Утрински весник.

Жерновски, вели, на едно место ги победи и Груевски, и Коце и Тодоровиќ.

„Во ДПМНЕ изостана триумфализмот. Свесни се дека со помош на огромните потрошени финансиски средства, медиумскиот мрак и фалсификати, сепак, не успеаја целосно да ја покорат Македонија. Цената за оваа победа беше многу висока. Ветија многу, но се свесни дека касата е празна, а државата презадолжена и дека е можно да се изроди и некое финансиско цунами. Конечно, се откри и формулата на нивните зачестени победи. Перманентна корупција на гласачите, украдена демократија и увоз на избирачи од странство или други од изборни единици, помешани со „бугарски возови“, уцени и застрашување. Веројатно во МВР никогаш не издале толку многу нови лични карти како што беше во текот на минатата и почетокот на оваа година.

Гласачите на ДПМНЕ од Пустец ги видов лично, бидејќи бев контролор на изборно место каде што беа пријавени 24 лица од соседна Албанија. За време на автобускиот транспорт од Пустец до Скопје ги учат напамет за кого да го заокружат ливчето. Интересна вечерна политичка школа. Потоа ги носат на заеднички ручек и вечера во менза од затворен тип, а во попладневните часови организирано ги носат на гласачкото место каде што се појавуваат групно, а гласат поединечно. Целата операција ја обезбедуваат вработените во полицијата, кои се претставуваат како инспектори, облечени во фармерки и жолто дречливи елеци со натпис – „Полиција“. Таквата полиција, и покрај неколкуте наши интервенции да се оддалечи од гласачкото место, седеше на пет метри од просториите во кои се гласаше.

Поништувањето на победата на Жерновски може да создаде уште поголем револт и на меѓународната заедница и на народот кон ДПМНЕ и неговиот кандидат. Тој ќе изгуби уште покатастрофално во општина Центар. Тоа е сосема логички во урбано најнагрдената општина во државата со стотиците кичести споменици и уништени паркови и дрвореди. Битката против корупцијата и валканите зделки, како и враќањето на достоинството на граѓаните на општината Центар мора да бидат приоритетите на Жерновски. Урнат е митот за непобедливоста на Груевски во Скопје. Убеден сум дека во услови на рамноправни, легитимни и легални избори, опозицијата би ја победила ДПМНЕ“, пишува Ружин.

Целата колумна можете да ја прочитате на следниот линк.

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска