Министерот Јанакиевски сведок во „Монструм“

Од:

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски и музичарот Елвир Мекиќ да се појават во судница и да го потврдат алибито на обвинетите во случајот „Монструм“- ова го побараа адвокатите на обвинетите за ликвидацијата на петтемина кај Смилковско езеро.

Јанакиевски и Стојановски, според адвокатите, можат да потврдат дека критичниот ден биле во друштво на некои од обвинетите, а еден од нив дури им ветил јагне од неговата фарма. Мекиќ пак критичниот ден снимал спот за една песна токму кај езерото. Неизвесно е дали предложените свдоци ќе се појават за да го потврдат алибито.

Денеска процесот во судница продолжи со испрашување на сведоци предложени од одбраната. Роднини на обвинетите тврдат дека судот ги нема вистинските убијци.

Би можело да ве интересира

Убиен за 10.000 евра бидејќи се сомневале дека предал дел од обвинетите за „Монструм“

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов