Филипче: Прекин на рестриктивните мерки очекуваме на средината на мај

Од:

Почнати се подготовките за олабавување на рестриктивните мерки за движење воведни поради заштита од коронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека укинување на мерките може да почне на почетокот или на средината на мај.

„Ние и сега преземаме одредени мерки да се спремат капацитетите. Сите оператори треба да се подготват за тоа како треба да се функционира тогаш кога ќе кажеме дека е момент да се прекинат сите овие рестриктивни мерки. Тоа ќе биде најверојатно некаде на почетокот или на средината на мај. Допрва се утврдува моментот кога ќе го вратиме животот во нормала“, рече министерот Филипче.

Откако ќе почне укнувањето на мерките, министерот најави дека ќе размислуваат за дополнително тестирање на веќе земените материјали од граѓани кои оваа сезона биле заболени од грип за да се утврди евентуално биле заболени од коронавирус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски