Фор дер Лајен: Не советувам планирање на летниот одмор

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача дека поради пандемијата на коронавирус треба да се почека со планирањето летен одмор.

– Советувам да почекате со таквите планови. За јули и август се уште никој не може да даде сигурна прогноза, рече Фон дер Лајен во интервју за германски „Билд“.

На прашањето во однос на одлуката на германската Влада да им се издаваат на луѓето бонови како противвредност на патувањата кои поради пандемијата се откажани, таа одговори дека тие, правно гледано, имаат можност да бираат дали да им се вратат парите или да добијат бонови.

Сепак, таа ги повика клиентите на туристичките агенции, кои немаат финансиски проблеми, да се откажат од своето право.

– Во оваа криза, потребна е солидарност на сите. Ако некој е финансиски во можност да не побара враќање на средствата, туку ќе земе бонови, тогаш тоа ќе биде добро за туристичките агенции да ги надминат тешките недели, рече Фон дер Лајен. 

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска