Пожарникарите со дрон ќе го лоцираат пожарот на Скопска Црна Гора

Од:

Луѓе од сите страни кои живеат во околината, во текот на целото попладне испраќаат фотографии од пожарот на Скопска Црна Гора. Тие велат дека од секаде се гледа чад.

Владимир Симоновски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје вели дека пожарникарите се искачиле на теренот но начекале куп суви гранки. Тој ни испрати и фотографија и  најави дека заедно со инспекторатот на Град Скопје ќе ја снимаат состојбата со дрон за да видат за што конкретно се работи и каде точно е локализиран пожарот, за кој првично беше соопштено дека е во делот околу црквата Св.Богородица, кај местото викано Горни Забел, кон селото Блаце. .

„Со дрон ќе се снима теренот и без разлика што веќе се стемнува ќе се утврди дали и каде гори“, изјави Симоновски за „А1он“.

Утринава жителите алармираа дека огнот на Скопска Црна Гора се доближил на околу 300 метри од селото. Откако завчера на многу непристапен терен на планината над селото Горњани во општина Чучер Сандево избувнал пожар, вчера од 10 часот екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита со авионска поддршка од Дирекцијата за заштита и спасување го гаселе огнот. Утринава беше соопштено дека пожарот бил целосно изгаснат во 19.30 часот, но жителите велат дека се уште чади.

Би можело да ве интересира

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Пожар во парк шумата „Гази Баба“

Горан Наумовски

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни

(ВИДЕО) Пламна пожар во атарот на селото Бајково на планината Ограждена, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија на градилиште во Брисел: Неколку загинаа, тела се пронајдени во лифт

Пожар на градилиште во Брисел, шест лица се водат како исчезнати

Горан Наумовски