Сончево и топло со температура до 25 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, која ќе се зголемува попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од 14 до 25 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локален дожд.

Минималната температура ќе биде од нула до шест степени, а максималната температура од 15 до 22 степени.

Ќе следи променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Во вторник ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен.

Минималната температура ќе биде од два до осум степени, а максималната температура од 15 до 22 степени

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски