Филипче: Заев и Мицкоски беа тестирани веднаш зошто се во интензивни контакти со многу луѓе

Од:

Во однос на реакциите во јавноста во врска со тестирањето за Ковид-19 на лидерите на двете најголеми политички партии во државава, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, министерот Венко Филипче рече дека тоа не е политички приоритет, туку дека тоа меѓудругото е направено и за заштита на многу други кои секојдневно се во контакт со нив.

„Тие се експонирани во јавноста, имаат интензивни контакти со многу луѓе, со претставници на инститициите со министри во владата  и сакам јасно да кажам дека тука не станува за политички приоритиети туку за заштита на државните интереси и зачувување на функционаланоста на институциите, посебно во моменти на криза. Тоа се луѓе коишто имаат интензивни конткати со претставници на медиумите коишто се еден од нашите најсериозни и најголеми партнери во оваа битка против коронавирусот и во таа смисла една од целите беше да  се заштитат и претставниците на медиумите и вработените каде што двајцата лидери често настапуваат, гостуваат и даваат интервјуа“, рече министерот за здравство.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

Мицкоски: Парламентарното мнозинство се зголеми на 59 пратеници

А1он

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори

Филипче: Буџетот е празен, ребалансот е тотален дебакл на Мицкоски

А1он

Мицкоски: Оваа Влада гради и реализира, наместо да ветува

Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините, најави премиерот