Стопанска комора на Македонија: Со добра комуникација до заштита на здравјето и нормализација на економијата

Од:

Стопанската комора на Македонија ја поздравсува најавата од Владата дека од наредната недела ќе започне интензивна комуникација со претставници на стопанските комори при што Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ќе им дадат јасна насока на економските оператори, на компаниите со производствени капацитети, на угостителите итн., за тоа како да го организираат работниот процес, со цел тој постепено да се врати во нормала откако ќе се донесат одлуки за олабавување на ригорозните рестриктивни мерки.

– Стопанската комора на Македонија ја поздравува ваквата иницијатива. Сметаме дека тоа е вистинскиот приод кон работите. Тоа ќе биде процес во кој сите вклучени луѓе одлично си ја знаат својата работа, од една страна докторите преку Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, а од друга страна искусни бизнисмени од страна на бизнис секторот. Со добра взаемна комуникација ќе можат да се оптимизираат ефектите за посакуваниот краен резултат – постепено враќање на економијата во нормала, а истовремено да се антиципираат и соодветно да се уредат и оперативните аспекти од ваквиот процес. Ова е важно затоа што и самите сектори во економијата имаат свои специфичности. И, што е најважно, сето ова да биде со максимална заштита на здравјето на граѓаните во текот на целиот процес на нормализација на економијата, се вели во соопштението од Стопанската комора на Македонија.

Ваквиот начин на комуникација, кога властите и бизнис заедницата, интензивно и квалитетно комуницираат уште во подготвителната фаза, пред да бидат донесени одлуки, сметаат од комората, е многу важен и корисен за да се постигнат посакуваните ефекти. Ова треба да се воспостави како урнек за во иднина за тоа како треба да се постапува пред носење важни одлуки што ја засегаат економијата и тоа да стане вообичаена пракса.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност