Истрага во Финска поради давање поткуп на партијата на Јанез Јанша

Од:

Финската полиција почна истрага околу новите сомневања за кривично дело давање поткуп од страна на финскиот производител на оружје и одбранбени материјали „Патриа“, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Во една дипломатска белешка, која ја публикуваше веб-сајтот „Викиликс“, се тврди дека „Патриа“ и платила “под маса“ 2,8 милиони евра на партијата на словенечкиот премиер Јанез Јанша, во врска со зделката за оклопни возила во 2006 година.

Финскиот дневен весник „Хелсингин саномат“ пишува дека шестмина вработени во „Патриа“, кои биле замешани во зделката, набрзо ќе бидат изведени пред суд, осомничени за тешко кривично дело на подмитување. Уште четворица вработени во „Патриа“ се осомничени за индустриска шпионажа.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег