Мурињо: Прифаќам дека моите постапки не беа во согласност со владиниот протокол

Од:

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, призна дека направил грешка за организирањето на тренинзите за некои од неговите играчи во паркот Барнет, Северен Лондон.

Фотографии и видеа се појавија на социјалните мрежи, докажувајќи дека Специјалниот спроведува индивидуална активност со рекордната аквизиција на клубот Танги Ндомбеле.

Дејвинсон Санчез и Рајан Цесенон работеа во истиот парк додека Серж Орие беше снимен како трча со својот пријател.

Правилата за социјално дистанцирање во Велика Британија им овозможуваат на сите луѓе да вежбаат на отворено во текот на еден час, но можат да го сторат тоа сами или со други членови на семејството.

Градоначалникот на Лондон веќе јавно го изрази своето разочарување, велејќи дека фудбалерите на Мурињо и Тотенхем треба да дадат пример за тоа како се следат правилата, а не обратно.

„Јас прифаќам дека моите постапки не беа во согласност со владиниот протокол и треба да имаме контакт само со сопствените членови на семејството. Од витално значење е сите да ја играме својата улога и да ги следиме советите на владата за поддршка на нашите херои, здравствените службеници, и да спасуваме животи“, рече Мурињо, кој во неговиот типичен стил не успеа да се извини за кршење на правилата и за лошиот пример.

Би можело да ве интересира

Жозе Мурињо доби астрономска понуда од Саудиска Арабија, но не да биде тренер

Предраг Петровиќ

Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија или на Англија

Мурињо: Ја одбив најголемата и најлудата понуда во историјата на фудбалот

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска