ЕК со препораки за мобилните апликации за спречување на пандемијата

Од:

Со постепеното укинување на мерките на изолација и карантин во наредните месеци, се очекува мобилните апликации да одиграат значајна улога во борбата против ширењето на коронавирусот, но тие ќе треба да бидат согласно правото на Европската Унија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во овој контекст, Европската Комисија денеска објави неколку препораки за земјите членки кои ја разгледуваат таа можност.

Дигиталниот одговор во ЕУ треба да биде заеднички и координиран меѓу земјите.

Мобилните апликации кои се развиваат во борбата против вирусот имаат пред сѐ за цел да го олеснат следењето на контактите на заразените и да ги информираат граѓани ако биле во контакт со заразено лице. Европската Унија меѓутоа има најсолидно законодавство поврзано за заштитата на личните податоци, откако пред две години стапи на сила регулативата на ЕУ позната како ГДПР.

– Мораме да работиме сите заедно за да ја надминеме оваа криза без преседан. Европската Комисија ги поддржува земјите членки во нивните напори да се борат против вирусот и ќе продолжиме тоа да го правиме преку стратегија за излез и закрепнување. Во сево ова ќе продолжиме да обезбедуваме целосно почитување на темелните права на Европејците. Европските правила за заштита на податоците се најсилни на свет и се прилагодени и за оваа криза, бидејќи нудат исклучоци и флексибилност, изјави еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс.

Европската Комисија смета дека е потребно земјите членки да го усогласат дигиталниот одговор на кризата и службите на извршната власт на ЕУ ги анализира разните мобилни апликации на располагање. Во предлозите на ЕК се предвидени посебни препораки кои ќе овозможат ефикасност на мобилните информации за медицински и технички цели, како и мерки за да се избегне размножување на некомпатибилни апликации.

Комисијата препорачува да се применат механизми од страна на здравствените власти во соработка со Европскиот центар за контрола на болести, идентификација на добрите пракси и механизми во размената на информации и споделување на податоци со релевантните епидемиолошки јавни власти.

– Алатките ќе се фокусираат исто така на развивање заеднички пристап за предвидување на еволуцијата на вирусот преку анонимни податоци на локација, целта е да се анализираат шемите на движење вклучувајќи го и импактот на мерките на изолација врз интензитетот на контактите и со тоа ризикот за зараза, наведено е во препораките на ЕК.

Комисијата веќе е во комуникација со мобилните оператори од минатиот месец. Податоците ќе бидат целосно анонимизирани и нема да се споделуваат со трети страни, ќе бидат зачувани само додека трае кризата, тврди ЕК.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска