Три лица во Куманово не го почитувале полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Куманово

-Двајца од нив се движеле со патничко моторно возило, патувајќи од с. Липково кон с. Гошинце, кумановско, за време на полицискиот час. Со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија, соопштија од Обвинителствоѕо.

Третото лице, пак, за време на полицискиот час управувало со трактор во близина на с. Романовце.

За стореното кривично дело, јавен обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 10 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување