Нови мерки против лажни вести на Ватс-Ап

Од:

Фејсбук објави нови мерки за борба против дезинформациите на Ватс-Ап, додека на овие мрежи се шират лажни вести за „Ковид-19“, дека наводно, го предизвикува 5-Г мрежата и дека се лекува со оцет.

Корисниците отсега ќе можат да ја проследат пораката само до еден пријател, за да се ограничи протокот на веста.

„Знаеме дека корисниците пренесуваат и корисни податоци, смешни видеоснимки, размисли и молитви коишто им се важни… Сепак, забележавме и значаен пораст и на споделувањето лажни вести”, соопштуваат од компанијата.

Ватс-Ап често го критикуваат како алатка за поттикнување лажни вести кои понекогаш водат и до трагичен исход. Во Индија, на пр. 2018 година лажна информација за киднапирање деца предизвика побуна и линч.

Потоа следеше ограничување на споделувањето – со најмногу пет корисници одеднаш. Тоа доведе до 25-отстотно намалување на проследените пораки во цел свет.

Но, приватноста во комуникацијата технички го отежнува разоткривањето на ширењето теории на заговор околу коронавирусот, 5-Г мрежата и слично. Во цел свет се шират лажни „алтернативни“ начини за лекување на коронавирусот, а во Велика Британија беа уништени неколку 5-Г антени и приемници.

„Тие идеи не само што се неосновани, туку и им штетат на луѓето и компаниите што зависат од нашите услуги”, реагираа викендов четири британски телеком-оператори во отворено писмо.

Светската здравствена организација и најмалку 20 министерства за здравство го користат Ватс-Ап за информации за пандемијата.

Би можело да ве интересира

Падна Ватсап, милијарди корисници не можат да праќаат пораки

Ана Ололовска

Телеграм го надмина Вотс ап според бројот на корисници во Русија

А1он

Услугите на ВатсАп во прекин

А1он

Пад на социјалните мрежи ВацАп, Телеграм и на ЈуТјуб

Ана Ололовска

Ватс-ап воведува опција за бришење на пораките по седум дена

Ана Ололовска

Нова „Ватс-ап“ програма за поорганизирано складирање на податоците

Ана Ололовска