Die Vienna Insurance Group AG Wiener Versicherung Gruppe (VIG) станува новиот мнозински сопственик на QBE Makedonija, откако заврши трансакцијата за стекнување на компанијата.
Како резултат на договорот Концернот купи 92,9 проценти од акциите со право на глас во македонската фирма, а останатиот дел е сопственост на ситни акционери. Со успешеното завршување на правнавата работа Vienna Insurance Group зазема над 20 проценти дел на пазарот и со тоа се издигнува на врвот на пазарот.
QBE Makedonija има диверзификација на портфолио со фокус авто осигурување и осигурување во несреќи,како и силна трговска мрежа на национално ниво. Над 200 соработници на фирмата служат на клиентите во 19 филијали. Во финансиската 2012 година компанијата реализира премии, во износ од околу 11,2 милиони евра.
Vienna Insurance Group е присутна на пазарот во Македонија уште од 2007 со компаниите Winner и Winner Life aktiv. Во 2012 година Концернот реализира на овој пазар обем од премии, вредност на околу 10, 2 милиони евра.
Vienna Insurance Group (VIG) е водечки стручњак во областа на осигурувањето во Австрија, како и во Централна и Источна Европа. Околу 50 фирми во 24 држави сочинуваат концернот кој има долга традиција, силни брендови и е секогаш многу блиску до клиентот. VIG се развива врз основа на речиси 190 години искуство во областа на осигурувањето.
Со своите 24 000 соработници Vienna Insurance Group е дефинитивно лидер на своите главни пазари и по тој начин има прекрасна можност да ги искористи шансите за раст во еден регион со население 180 милиони луѓе во долг рок. Vienna Insurance Group се тргува на берзата и е со најдобра оценка според водечкиот индекс на Виенската берза ATX; акциите и се нудат и на Пажката берза.