ВИДЕО: Се влошува состојбата на родилката од Куманово заболена од коронавирус

Од:

Се влошува состојбата на родилката од Куманово, која е заболена од коронавирусот, а чие бебе е негативно на Ковид-19, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека се на Инфективната клиника во последниве 24 часа се примени четворица пациенти, со што на клиниката сега има 67 пациенти. Од нив, шест пациенти се на механичка вентилација, а 12 се во потешка состојба.

„Има влошување на состојбата кај родилката од Куманово, таа е се уште респираторно самостојна, но има значајно полоша клиничка слика и радиографски наод на белите дробови“, рече тој.

Во Градската болница „8 Септември“ хоспитализирани се 19 пациенти, од кои тројца се на респираторни машини, а девет се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола, кој сега функционира како регионален центар, префрлени се сите пациенти од Охрид, бидејќи, како што рече Филипче, таму има добра инфраструктура и зградата на инфективното одделение е физички одделена од останатите.

Во Штип се сместени четворица пациенти, од кои еден е со средно тешка и тројца со лесно клиничка слика.

Во последниве 24 часа детектирани се 29 нови случаи и во овој период има пет смртни случаи во земјава како последица на коронавирусот. Во овој период, направени биле 386 тестови.

Досега во земјава извршени се вкупно 5879 тестирања. Вкупната бројка на заболени изнесува 599, од кои 30 се излечени, а има 26 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Деспотовски: Венко, нема да ти дозволам да избришеш 30 години работа

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи