Измени во железничкиот возен ред

Од:

Новонастанатата ситуација со полицискиот час кој од среда ќе започне од 16 часот, а за време на викендот ке трае безпрекинато, ке влијае и на железничкиот транспорт на патници, поради што ЖРСЖ АД Транспорт воведе нов распоред на сообраќај на возовите, поради што некои нема воопшто да сообраќаат.

Возови кои ќе сообраќаат:
– релација Велес – Скопје – Велес:
– воз бр. 601 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Скопје во 09:15 часот,
– воз бр. 2080 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Велес во 11:30 часот,
– воз бр. 2081 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Скопје во 12:40 часот, и 4. воз бр. 2082 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Велес во 13:44 часот.
– од понеделник до петок ќе сообраќа ад-хок патнички воз на релација Скопје – Велес со планирано поаѓање од Скопје во 05.45 часот и пристигнување во Велес во 06.30 часот, (гарнитура за воз бр. 630 од Велес).
– релација Скопје – Гевгелија – Скопје:
– воз бр. 611 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:23 часот
– воз бр. 632 со поаѓање од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Гевгелија во 11:30 часот.
– воз бр. 630 од Велес со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од +32 мин. и поаѓање од Велес во 06.45 часот.
– релација Скопје – Битола – Скопје:
– воз бр. 641 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:57 часот
– воз бр. 642 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Битола во 10:50 часот.

Дополнително на ден 08.04.2020 година, (среда) ќе сообраќаат и возовите бр. 640 релација Битола – Скопје и 661 релација Кичево – Скопје.
Останатите возови планирани со возниот ред 2019/20 година нема да сообраќаат.

Би можело да ве интересира

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

(ВИДЕО) Воз излета од шините кај Волгоград, 100 патници се повредени

Николоски: Вработените во Железници и во Пошта ќе земат плата, полицијата и обвинтелството ќе истражува за нивната презадолженост