ДСЗИ изврши 91 инспекциски надзор – 79 во ЈЗУ и 12 во ПЗУ

Од:

Министерството за здравство информира дека согласно заклучоците на Владата на РСМ донесени со цел спречување на внесување и ширење на инфекцијата со Ковид-19, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 30.03-05.04.2020 година извршени се вкупно 91 инспекциски надзори од кои 79 во ЈЗУ и 12 во ПЗУ.

„Направен е увид по однос на опременост на здравствените установи со лична заштитна опрема како и користење на истата за време на работниот процес. Сите се опремени со доволни количини на заштитни маски и ракавици за еднократна употреба, капи, мантили за еднократна употреба, визири, каљачи“, се вели во соопштението на Министерство за здравство.

„Здравствените установи за болничко лекување имат обезбедено и скафандери за еднократна употреба. Обезбедени се и се користат средства за дезинфекција на работни површини и дезинфициенси за раце. При инспекциските надзори од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат не се констатирани неправилности по однос на користење на личната заштитна опрема од страна на здравствениот персонал.

Во однос на количините на заштитната опрема, Министерството за здравство обезбеди заштитна опрема за јавно здравствените установи и продолжува да го прави тоа во континуитет. Министерството обезбеди заштитна опрема и за матичните лекари кои ги вклучи во системот на детекција и следење на пациенти заболени од коронавирус“, се додава во соопштението на Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски