ВИДЕО: Превозниците во вонредна состојба дневно ќе возат по 11 часа, нови уредби за побрз транспорт

Од:

Се зголемува дневното време на управување со возило на мобилните работници во патниот сообраќај од 9 на 11 часа додека трае вонредната состојба, а дополнително се одложуваат полагањето на испитите и рокот на важење на сертификатите за професионална компетентност на лице одговорно за превоз и возач за учество во меѓународен патен сообраќај, како и за превоз на опасни материи, информираше денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Со цел побрзо реализирање на транспортот, нагласи Сугаревски, Владата донесе уредба за примена на Законот за работно време на мобилните работници во патниот сообраќај и тахографите, која предвидува зголемување на дневното време за управување со возило додека трае вонредната состојба од 9 на 11 часа, а возачите ќе може да возат 5 и пол часа, по што ќе треба да направат пауза од најмалку 45 минути.

– Неделното време за управување со возило во тек на вонредната состојба се зголемува од 56 на 60 часа. Вкупното време на управување со возилото во текот на кои било две последователни недели се зголемува од 90 на 100 часа. Возачите ќе може да возат 5 и пол часа, а потоа ќе треба да направи пауза од најмалку 45 минути. Редовниот дневен одмор за траење на вонредната состојба се намалува од 11 на 9 часа, изјави Сугаревски.

Првата уредба, за која информираше министерот Сугаревски, се однесува на примената на Законот за превоз на патниот сообраќај за време на вонредна состојба и предвидува одложување на полагањата на испитите и продолжување на сертификатите за професионална компетентност на лице одговорно за превоз и возач за учество во меѓународен патен сообраќај, додека втората Уредба е за примената на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај за време на вонредна состојба.

– Ова подразбира дека сите испити се одложуваат, а сите сертификати на кои важноста им е истечена остануваат да важат се до времетраењето на вонредната состојба, прецизраше Сугарески.

Со овие две уредби за транспорниот сектор, нагласи, Владата го олеснува работењето на транспортерите и од финансиски и од временски аспект.

Транспортниот сектор, посочи Сугаревски, е еден од најзначајните во ова време и затоа наша цел е да обезбедиме непречен транспорт на производи за прехрана на граѓаните, репроматеријали за индустријата и медицински материјал за да се одговори на предизвиците од корона вирусот.

– Владата, Министерството за транспорт и врски и другите надлежни институции се во постојана комуникација и координација со транспортните здруженија, компаниите и сите кои вршат транспорт, за да овозможиме непречено функционирање како на внатрешниот, така и на меѓународниот транспорт на стоки. Засега добро функционира и на дневна состојба ги разгледуваме сите барања и потреби на транспортерите за да го олесниме нивното работење, изјави Сугаревски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска