Руското Министерство за вонредни ситуации не препорачува користење вотка за дезинфекција

Од:

Експертите во руското Министерство за вонредни состојби не препорачуваат употреба на вотка како антисептичен препарат за раце и за подготовка на средства за дезинфекција, пренесе ТАСС.

„За приготвување раствор за дезинфекција, не може да се употребува вотка наместо мадицински алкохол, бидејќи не содржи доволно алкохол“, се вели во препораката од Институтот за цивилна заштита и вонредни ситуации при Министерството. Сепак, експертите препорачуваат да не се користи за дезинфекција и чист алкохол, бидејќи ја суши кожата, ја иритира, предизвикува чешање и создава микро-пукнатини преку кои вирусот може да навлезе во организмот.

Бескорисно е да се дезинфицираат рацете со раствори што содржат помалку од 60 проценти етил алкохол или помалку од 70 проценти изопропил алкохол, препорачуваат лекарите.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски