Британскиот премиер Борис Џонсон е префрлен на интензивна нега, откако неговата состојба се влошила, пренесуваат британските медиуми.
Неговата состојба се влошила попладнево, па медицинскиот тим проценил дека е најдобро да биде сместен во одделот за интензивна нега.
Џонсон во меѓувреме го заменува Доминик Рааб кој е министер за надворешни работи на Британија.
Џонсон беше хоспитализиран вчера, поради покачена телесна температура, но британските медиуми известија дека не станува збор за ургентна ситуација.
Тој беше дијагностициран со Ковид-19 вирусот пред десетина дена.