Мурашко: Лекот против маларија е ефикасен, но не 100 отсто

Од:

Лековите против маларија докажаа дека се ефикасни во лекувањето на инфекциите предизвикани од коронавирусот, но не се 100 отсто, изјави денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

-Лековите против маларија покажаа дека се доволно ефиканси, но не се лекови кои спасуваат животи во сите ситуации, рече Мурашко во интервју за програмата „Познер“ на руската телевизија „Канал 1“.

Според рускиот министер, разработени се повеќе режими за примена на овие лекови и други антивирусни лекови, пренесе Тасс.

„Во тек се лабораториски истражувања што треба да утврдат кој од овие лекови ќе може да ја запре репродукцијата“ рече Мурашко.

Тој додаде дека овие лекови ,можат да се земаат само под лекарска контрола , дека се токсични и дека не можат да се земаат само заради превентива.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски