Белгиски лекари под притисок од семејства и нивните адвокати да примаат пациенти на интензивна нега

Од:

Лекарите во Белгија се жалат дека се жртва на притисоци од страна на семејства на пациенти и нивните адвокати за да ги примат заболените на интензивна нега, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Болничкиот систем во Белгија е сѐ пооптоварен со зголемениот број на заболени од коронавирусот, а лекарите тврдат дека се мета на неприфатлив притисок од страна на семејствата.

Преку нивните адвокати семејствата упатувале закани за тужби ако не биде примен одреден пациент под респираторна асистенција, велат докторите од болницата во градот Лиеж.

Со оглед на огромниот број случаи и недоволниот капацитет на болниците, лекарите се доведени некогаш во ситуација да мораат да бираат кој пациент ќе биде примен на интензивна нега, одлуки кои голем број семејства не ги прифаќаат.

-Некои семејства со адвокати притискаа да бидат примени пациенти на интензивна нега, иако тоа не беше потребно во нивниот случај, изјави за јавниот сервис директорот на една од белгиските болници, Кристиф Лево.

Лекарската комора стапила во контакт со адвокатската за да ги пријави овие случаи и бара да им се врши притисок на медицинските лица, посебно во вакви времиња.

Адвокатската комора најостро ги осудува овие однесувања од страна на одредени адвокати.

-Такво однесување е одвратно и е спротивно на тоа што значи адвокатска работа, доколку некои од нив така се однесувале ќе бидат предмет на дисциплински мерки, изјави претседателот на адвокатската комора, Гзавие Ван Хилс.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски