Дерби натпреварот на 31.коло од Серија А се одигра синоќа на „Олимпискиот стадион“ во Рим, каде градските ривали Рома и Лацио одиграа 1:1.
Поведоа „лацијалите“ кој на овој натпревар беа гости со голот на Хернандес во 16.минута, а изедначи Франческо Тоти во 57.минута од пенал.
За Тоти ова беше 29.ти натпревар во дресот на Рома против Лацио, а го постигна деветтиот гол со што го изедначи рекордот на Марко Делвекио и Дино да Коста кои исто така девет пати погодувале во градските дерби средби.
Со освоениот бод Лацио го мина Интер на табелата и сега е на 5.место, додека Рома остана на 7.место.
Табела: Јувентус 71 бод, Наполи 62, Милан 58, Фиорентина 52, Лацио 51, Интер 50, Рома 48,…