Ирскиот премиер се пријави за лекарска пракса за време на епидемијата

Од:

Ирскиот премиер Лео Варадкар, кој инаку е доктор по професија, се пријави за лекарска пракса и ќе работи една смена неделно за време на епидемијата на коронавирусот, изјави портпаролот на кабинетот на Варадкар.

Ирскиот премиер работел како доктор седум години пред да ја напушти професијата и влегол во политиката, кога бил избришан од медицинскиот регистар во 2013 година.

Министерот за здравство, Сајмон Херис во март испрати повик до медицинарите да се пријават и да помогнат на здравствениот систем во борбата против коронавирусот.

Според пишувањето на „Ајриш тајмс“, Варадкар ќе работи во јавната здравствена служба каде телефонски ќе стапува во контакт со лицата кои мислат дека имаат вирус и ќе ја проценува нивната состојба.

Би можело да ве интересира

Англија ја совлада Ирска

Хеликоптер удри во зграда во ирско село: Има голем број на жртви

Горан Наумовски

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски