ВИДЕО: Во Градската болница починал кумановец од Ковид – 19

Од:

Освен 63-годишното лице од Лабуништа кое починало на Инфективната клиника како последица на коронавирусот,  во последниве 24 часа уште едно лице од Куманово починало во Градската болница „8 Септември“ од Ковид-19, со што бројот на смртни случаи се искачи на 19.

„Уште едно лице од Куманово во болницата ‘8 Септември’ и починато, тој бил детектиран како позитивен на вирусот Ковид-19 на први април“, информираше министерот за здравство Венко Филипче, кој не даде дополнителни информации за возраста на лицето и дали истото претходно страдало од хронични болести.

Министерот рече дека земјава влегува во втората фаза на епидемијата, па утре Комисијата за заразни болести во Владата ќе предложи зајакнување на мерките, со оглед на тоа што бројот на заболени лица дополнително ќе расте.

„Еден од главните проблеми е што има асимптоматски носители на вирусот, па оттаму ги повторувам препораките дека секој контакт треба да се избегнува“, рече тој.

На денешниот видео-брифинг меѓу новинарите и првите луѓе на здравствените установи надлежни за справување со коронавирусот, беше кажано дека од денеска и болницата „8 Септември“ е подготвена  за дијагностицирање и лечење на заболени од Ковид-19 и дека на располагање ќе бидат нови 400 болнички кревети што ги нуди болницата. Каде ќе бидат сместени заболените ќе се одлучува во координација со директорката на Клиниката за инфектологија.

Како нов регионален центар за справување со пандемијата е и болницата во Битола каде што во моментов има 35 кревети на располагање, кои можат да се зголемат до 100.

Во меѓувреме, течат преговори со лабораторијата на МАНУ за дијагностицирање на заболени од Ковид-19 и за користење на нивната апаратура.

Во моментов, на Инфективната клиника сместени се 74 пациенти, од кои 11 дишат со помош на респиратори, а 15 се во тешка здравствена состојба.

Засега, најкритична точка е Куманово, град во кој од петокот е воведен полициски час и каде бројот на новодијагностицирани од коронавирусот секојдневно расте.

Би можело да ве интересира

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

Филипче: Буџетот е скроен да се товари администрацијата со партиски вработувања,

Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Катерина Ѓуровски