Американската кантри ѕвезда, Доли Партон изјави дека донира 1 милион американски долари за истражување кое треба да го спречи коронавирусот.
Партон донира за истражувањата што во моментот се спроведуваат на Медицинскиот центар „Вандербилт“ за лек против коронавирусот, во услови на глобална пандемија.
„Мојот долгогодишен пријател, д-р Наџи Абубрад, кој многу години беше вклучен во истражувањето во Вандербилт, ме извести дека тие прават некои напредоци кон истражувањето на коронавирусот за создавање лек“, рече Партон во објавата на Инстаграм, објавувајќи ја нејзината донација.
„Правам донација од еден милион долари за истражувањето како и да ги охрабрам и другите да донираат“, додаде пеачката.