Во Крива Паланка шест лица во самоизолација

Од:

Уште шест од вкупно 35 лица од Општина Крива Паланка се наоѓаат во задолжителна самоизолација, додека кај останатите периодот од 14 дена е истечен, информираат од ОВР Крива Паланка.

Оттаму посочуваат дека граѓаните на Општина Крива Паланка го почитуваат полицискиот час, но сеуште наместа се забележуваат групирани лица.

-Апелираме граѓаните да не се собираат во групи, посебно пред аптеките, банките и маркетите.Сите граѓани кои чекаат ред за да извршат некаква набавка, дали на намирници или лекови, задолжително да ги почитуваат препораките и да се држат на соодветно растојание, посочуваат од Полициската станица при ОВР Крива Паланка.

Истовремено,апел е упатен и до лицата кои се на возраст над 67 години без посебна причина да не излегуваат од своите домови, потсетувајќи на забраната за движење по 11 часот.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он