ВИДЕО: Зголемена продажбата на огнено оружје во САД во време на пандемијата

Од:

Американците во март купиле речиси два милиони парчиња огнено оружје, вторпат во историјата на земјата, пишува „Њујорк Тајмс“.

Повеќе оружје Американците набавиле во јануари 2012 година, кога Барак Обама беше реизбран за американски претседател, а тој беше поддржувач на построгите контроли за купување и носење оружје во САД.

Со оглед на тоа што многу Американци стравуваат дека пандемијата на коронавирусот ќе резултира со немири, продажбата на оружје рапидно расте.

Во оваа мера, продажбата на оружје порасна после терористичкиот напад на 11 септември 2001 година, кога беа продадени 754.000 парчиња оружје, потоа кога Обама за првпат беше избран за претседател кога беа продадени 1,1 милиони оружја, како и после неговиот реизбор во 2012 година, кога Американците купиле два милиони парчиња оружје.

Но, минатиот месец беше поинаков, пишува „Њујорк Тајмс“.

Со создавање на залихи намирници и тоалетна хартија, како што стојат работите, Американците создаваат и резерви на оружје, за што сведочи и фактот дека за само еден месец се продадени 1,9 парчиња оружје.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски