НАТО помага во борбата со коронавирусот, министрите за надворешни работи на земјите членки ја поздравија С. Македонија како нов сојузник

Од:

Министрите за надворешни работи на земјите членки во НАТО оддадоа признание на здравствени работници, полицијата, Армијата. Тие велат дека НАТО ја врши својата функција, а пак, државите се поддржуваат меѓусебно со ресурсите кои ги поседуваат. Тие велат дека се врши воздушен транспорт на клучни медицински резерви насекаде низ светот, како и суштински материјали и опрема од воени и цивилни извори.

„Го насочуваме нашето медицинско, научно и технолошко знаење и ресурси за да помогнеме во испорачувањето иновативни одговори. Сојузниците, исто така, работат заедно за да осигурат јавен пристап до транспарентни, навремени и точни информации, кои се клучни за надминување на оваа пандемија и борба против дезинформациите. Поради тоа што ни е потребен координиран и сеопфатен пристап, НАТО е во тесна соработка со други меѓународни организации, вклучувајќи ги и Обединетите Нации, Светската здравствена организација и Европската Унија“, се вели во соопштението од министрите за надворешни работи на земјите членки во НАТО.

Оттаму додаваат дека НАТО останува активно и фокусирано на колективната одбрана, управувањео со кризите и заедничката безбедност.

„Нашата способност да ги водиме нашите операции и да гарантираме задржување и одбрана против сите закани со кои сме соочени не е доведена во прашање. Денес донесовме и дополнителни одлуки за зајакнување на улогата на НАТО во соочување со сегашните и идни безбедносни предизвици. Ја поздравуваме Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО. Додека се соочуваме со овој незапаметен предизвик, нашите 30 нации стојат заедно во солидарност и трансатлантско единство“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Москва тврди дека НАТО подготвува блокада на Калининград, американскиот генерал: „Би уништиле сè за неколку часа“

Романија е само почеток, новата одлука на Трамп го загрижува НАТО

Кнајсл: Австрија секојдневно ја нарушува својата неутралност со соработката со НАТО

Руте: Путин ја губи војната, сега е време за притисок

А1он

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Тревога во Литванија: Руски авиони влегоа во воздушниот простор, беа пресретнати од борбени авиони на НАТО