ВИДЕО: С. Македонија дел од програмата за дигитална администрација на ЕУ, Манчевски и Хан потпишаа договор за пристапување

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, потпиша договор за пристапување на Северна Македонија, кон програмата за дигитална администрација-ИСА2 на Европската Унија, со комесарот за буџет и администрација Јоханес Хан.

Станува збор за централна програма на Европската Унија која поддржува активности за развој на ИКТ во јавната администрација, давање електронски услуги, и генерално дигитализација во јавниот сектор.

„Едноставно кажано ова е местото каде што се прават планови за развој на информатичкото општество и размена на искуства помеѓу државите членки како и развој на нови стандарди и технологии од областа, а ние ќе можеме да дадеме свој придонес. Оваа програма е наменета за земјите членки на Европската Унија, но направен е исклучок да се дозволи и нашата држава како земја кандидат, да биде активен член“, истакна министерот Манчевски.

Како што рече министерот Манчевски, од економски аспект, придобивките за нас како држава се јасни. Членството кое се плаќа за учество во оваа програма е со помал износ од годишните трошоци кои ги имаме за приклучок кон TESTA-ng мрежата.

По завршувањето на оваа програма, истата ќе се трансформира во уште поголема програма именувана Digital Europe, која ќе се занимава со поголемата слика на дигитализација во Европската Унија. Тука ќе се разгледуваат и носат идните стандарди и насоки за развој на дигиталната агенда. Северна Македонија активно ќе учествува во дефинирањето на идните решенија и стандарди од ова поле кои понатаму и ние ќе ги имплементираме и примениме.

Комесарот Хан, потенцираше дека на овој начин, со пристапување на Северна Македонија кон оваа програма, ние сме веќе дел од Европската Унија. Тој ги поздрави напорите на нашата држава за приклучување кон ИСА2, а како потврда за тоа е отстпката што ЕУ ја прави, овозможувајќи и на Северна Македонија, полноправно членство во оваа програма.

Согласно препораките за справување со Ковид-19, потпишувањето беше дигитално. Како што и двајцата потврдија, ова е уште еден пример за важноста на дигиталната трансформација за непречено одвивање на сите активности и во време на вонредна состојба.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он