Секој што направил тест за антитела, мора да направи и тест за присутност на коронавирусот

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција во Владата информираше дека досега се направени вкупно 4.117 тестови за коронавирусот и оти земјава има направено најголем број тестови на милион жители од сите земји во регионот.

–  Само Словенија има повеќе од нас. Значи над 2.000 тестови на милион жители што се смета за огромна бројка. Од вкупниот број земји во светот, ние сме меѓу првите 30-40 што сметам дека е одличен резултат и сакам да потенцирам дека не станува збор само за бројка на тестови, туку целокупен пристап кон идентификување на пациентите, нивните контакти, кластерите на заболени, истакна Филипче.

Појасни дека се тестираат позитивни со симптоми пациенти, се идентификуваат нивните примарни контакти и на нив им се препорачува самоизолација и оти тестирајќи на овој начин, институциите имаат целосна контрола и увид во третманот односно состојбата на пациентите.

Во однос на тестирањата,нагласи дека позитивен пациент се смета оној кај кој ќе се утврди присуство на вирусот по направен тест, а не и тестовите за антитела.

– Тестовите на антитела само поставуваат сомнеж дека некој е носител на вирус и затоа кај сите коишто ги прават тие тестови, мора задолжително да се направи тестот за присуство на вирусот, истакна министерот за здравство.

Две илјади тестови и кабинет за дијагноза има донирано и Холандија. Кабинетот за дијагноза на Ковид 19, според министерот, треба да го дуплира  капациетот на сегашната лабораторија во Институтот за јавно здравје.

– Станува збор за една машина, кабинети за изолација, целата опрема која што треба да се инсталира и тестови за 2.000 пациенти. Тоа е практично лабораторија што ќе го дуплира капацитетот на сегашната лабораторија во ИЈЗ. Холандија тоа го донира преку Меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена, појасни Филипче.

На земјава и е одобрен е пристап до Европскиот солидаран фонд, што значи дека ќе учествува во заедничките постапки за набавка на материјали и потреби за здравствените институтции. Ова, според министерот за здравство, е голема придобивка за земјава.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ објавува нови 11 кандидати за градоначалници

А1он

Филипче по средбата со Кос: Потребен е внатрешен консензус за евроинтегративниот пат на државата

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски

Филипче: Европската перспектива е единствениот пат за стабилност, развој и реформи

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки, тоа беа нашите црвени линии