Гугл денеска соопшти дека намениле 6,5 милиони американски долари за организации за проверка на факти, додека лажните вести и опасните препораки за Ковид-19 продолжуваат да се шират низ Интернет.
Големите дигитални платформи споделија соопштенија оваа недела да ја покажат својата посветеност за доверливи информации и поддршка за граѓаните во изолација.
Речиси половина од населението на Земјата е повикано да остане дома за да се запре ширењето на пандемијата.
„Новинарите, аналитичарите и волонтерите за проверка на факти „се соочуваат со експлозија на побарувања во својата работа“, посочува Алексиос Мантарлис од „Google News Lab“.
Покрај финансирањето, „Гугл“ планира да им го олесни на новинарите и невладините организации пристапот до експерти и бази на податоци.