Уапсени двајцата насилници од Штип кои претепаа девојка

Од:

Уапсени се двајцата насилници чие видео беше споделено утринава на социјалните мрежи, а на кое се гледа како тие брутално претепуваат девојка, во влез од зграда, во Штип.

Од МВР информираат дека станува збор за лицата С.А. и П.Р.

„Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информираме јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата и тие се лишени од слобода. Станува збор за С.А и П.Р. За конкретниот настан и преземените мерки известени се Основното јавно обвинителство и надлежниот Центар за социјални работи. Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот“, информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

На видеото кое беше споделено на социјалните мрежи, може да се слушне како еден од двајцата насилници ѝ се обраќа на девојката со зборовите: Бремена ли си од мене? Бремене од мене? Моето име да го заборавиш веќе, чу ли?!, додека другиот го охрабрува да ја удри девојката уште еднаш.

Нивните ликови, кои јасно се гледаа на видеото, веднаш беа препознаени од страна на дел од јавноста.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор