Лавови и коњи со забрзано темпо се составуваат и поставуваат кај фонтаните пред хотелот Стоун Бриџ, кај спомениците на Филип втори, или како што го нарекуваат Таткото на Воинот на коњ и Олимпија, Мајката на Воинот на коњ.
Деловите од спомениците се донесени веднаш откако кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Тодоровиќ ја загуби функцијата во општина Центар.
Од општина Центар денеска не можевме да добиеме подетални информации.